18.10.2017

Заокружено второто коло во ПЛМ

Второто коло во Првата машка кошаркарска лига е и официјално заокружено откако Шкупи и МЗТ Скопје Аеродром го одиграа последниот натпревар. Најновиот прволигаш имаше сила да му се спротивстави на актуелниот шампион само во воведните неколку минути. Потоа „штрковите“ од Аеродром го забрзаа темпото и ја зголемија предност која до крајот на натпреварот ја одржаа без проблем.

Шкупи - МЗТ Скопје 71-97 (12-20, 24-30, 17-26, 18-21)

СТРЕЛЦИ

Шкупи: Стојановски (2поени), Булатовиќ (3), Христов (7), Ника (4), Харис (28), Тејлор (15), Ристовски (4), Мемети (8)
МЗТ Скопје Аеродром: Мекиќ (9поени), Гарсија (2), Стајиќ (7), Џенсен (21), Лалиќ (5), Минчев (13), Трајковски (14), Мамузиќ (8), Маслинко (16), Бејли (2)

 

Резултати второ коло ПЛМ
Карпош Соколи – Струмица 94-77 (15-2, 34-15, 18-21, 27-21)
Гостивар – Кожув 101-75 (25-11, 17-21, 26-27, 31-16)
Охрид – Куманово 73-91 (12-31, 26-19, 13-16, 22-25)
Блокотехна – Пелистер 95-51 (33-10, 17-14, 24-10, 21-17)
Работнички – Фени Индустри 80-63 (21-21, 25-18, 15-14, 19-10)
Шкупи - МЗТ Скопје 71-97 (12-20, 24-30, 17-26, 18-21)