04.11.2017

Охрид победи со звукот на сирената, победи и за Фени И. и за Карпош Соколи

Три суперинтересни натпревари се одиграа на саботната агенда во рамки на петтото коло од Првата лига (мажи). Нови победи на контото запишаа АВ Охрид, Фени Индустри и Карпош Соколи.

АВ Охрид ја запиша третата победа за оваа сезона во неверојатен меч. Среде Битола. „Галебите“ славеа благодарејќи на Рос Кенет кој успеа да реализира клучен шут кога на семафорот стоеше нешто помалку од 10 секунди. 
Пелистер - АВ Охрид 77-78 (20-19, 14-27, 19-17, 24-15)
СТРЕЛЦИ
Пелистер: Анакиевски (14поени), Голубович (9), Лео (7), Луис (29), Фландербург(15), Атанасовски (3)
АВ Охрид: Михајловски (3поени), Бери (31), Кенет (18), Зимиќ (13), Лефкоски (3), Глигоријевиќ (5), Цонков (3), Лиам (2)

Во вториот дуел на саботниот распоред, Карпош Соколи броеше и над100 на гостувањето кај Кожув. Кошаркарите од редовите на вицешампионскиот состав ги заборавија лошите резултати во рамки на ФИБА Европакупот и ја запишаа четвртата победа во домашното првенство со што се вратија на победничките патеки откако малку застранија по поразот од Фени Индустри во претходното четврто коло.
Кожув - Карпош Соколи 78-109 (22-30, 25-28, 14-28, 17-23)
СТРЕЛЦИ
Кожув:Апостолов (8поени), Шалев (6), Пековиќ (16) Мишковиќ (23), Петров (6), Тодоровиќ (9), Митев (2), Шутаров (4), Ангелов (4)
Карпош Соколи:Николовски (14поени), Ѓуроски (14), Лабовиќ (20), Мекфаден (7), Соколов (17), Атанасов (12), Чомагиќ (12), Колинс (7), Браун (6)

Трикратниот шампион во домашното првенство, Фени Индустри, запиша трета победа во низа откако во третото го совлада тимот на Охрид и во четвртото го изненади вицешампионот во Скопје. Овој пат на нишанот на кавадарчани се најде Струмица за која ова беше петтиот пораз.
Фени Индустри - Струмица 81-63 (21-20, 19-11, 15-13, 26-19)
СТРЕЛЦИ
Фени Индустри: Петровски (18поени), Пајиќ (5), Милков (16), Марковски (19), Мирковиќ (13), Плачков (2), Мелов (2), Коцев (2)
Струмица: Цветков (14поени), Арскоски (2), Тајнс (19), Дајхл (7), Гилберт (6), Делипетров (4), Стојменов (11)