14.11.2017

Сениорките го испробаа теренот во Шведска

Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција попладнево пристигна во Содерталје, Шведска и го одржа првиот тренинг во салата каде утре (среда, 15. Ноември) ќе го одигра и вториот натпревар во рамки на првиот прозорец од евроквалификацискиот циклус. Теренот е 'испробан', а репрезентативните кошаркарки подготвени за триумф! 

Во тимот, како и досега, владее позитивна атмосфера која ќе придонесе за подигнување на самодовербата на кошаркарките пред излегување на теренот.

Натпреварот ќе започне во 18:35 (поради ТВ пренос во Шведска). Сите љубители на кошарката кои ќе сакаат да го проследат натпреварот ќе можат да го направат тоа преку YouTube каналот на ФИБА на www.youtube.com/FIBA