27.11.2017

Конференција за Родово базирано насилство врз жени во спорт

Националната мрежа против насилство врз жени и против семејно насилство и  ТАКТ (Together Advancing Common Trust) , во соработка со Агенцијата за млади и спорт утре ќе одржат конференција на тема „родово базирано насилство врз жени во спорт“.

Оваа тема досега во Република Македонија не е одработувана, ниту ставена ’на дневен ред’ како предмет на дискусија поради што се појави потреба да се организира конференција од овој тип.

Конференцијата ќе биде одржана во хотелот Парк во Скопје, на 28. ноември (вторник) со почеток во 9 часот  и 30 минути.

На конференцијата ќе говорат Елена Димушевска, извршен директор на националната мрежа против насилство врз жени и против семејно насилство, Силвија Митевска, претседател на ТАКТ, Лаура Браун, претставник од американската амбасада и Александра Дичевска, координатор на сектор за меѓународна соработка при Агенцијата за млади и спорт.

Потоа ќе следи панел дискусија на тема „Ризици и изложеност на различни форми на насилство кај жените кои практикуваат спорт“ на која збор ќе земат Горан Никовски, професор на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Силвија Митевска, Дрита Ислами (атлетичарка), Милева Велкова (поранешна ракометарка) и Ирена Андреевска (спортски новинар).

НАПОМЕНА
Фотографијата е преземена од Фејсбук профилот на Националната мрежа против насилство врз жени и против семејно насилство.