04.12.2017

МКФ распишува конкурс за избор на селектори во младинските категории

Македонската кошаркарска федерација распишува конкурс за избор на селектори на репрезентациите во младинските категории. Идното лето (2018 година) Република Македонија на Европските првенства за млади ќе ја претставуваат четири младински репрезентации од кои кошаркари до 20 години (Дивизија Б), кошаркари до 18 години (Дивизија Б), кошаркари до 16 години (Дивизија Б) и кошаркарки до 16 години (Дивизија Б).

Своите апликации (CV) кандидатите да ги испратат на office@basketball.org.mk најдоцна до 11. декември 2017 година (понеделник).

Кандидатите кои ќе аплицираат за селектор на селекцијата до 20 години треба да ги исполнуваат следните критериуми:
-  Најмалку више образование, копија од диплома за завршено више образование:
-  Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Прва лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
- 4(четири) години професионален ангажман како кошаркар или настапи во А репрезентација, потврда од клуб или МКФ
- да е член на ЗКТМ
– Да има освоено титули во првенства и натпреварувања признати од ФИБА


Кандидатите кои ќе аплицираат за селектори на селекцијата до 18 години (мажи) и за селекциите до 16 години (мажи и за жени) треба ги исполнуваат следните критериуми:

-  Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование:
-  Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Втора лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер на младински екипи кои се натпреваруваат во натпреварувањата организирани од МКФ, потврда од клуб.
-  4(четири) години професионален ангажман како кошаркар или настапи во А репрезентација, потврда од клуб или МКФ
- да е член на ЗКТМ