23.12.2017

Турнир М14: Првата победа за Бадел 1862

 

Младите кошаркарки од Бадел 1862 и Гостивар со меѓусебен дуел го отворија новогодишниот турнир за девојчиња до 14 години во организација на МКФ. Младите кошаркарки на двата клуба играа изедначи во поголемиот дел од првиот период, но потоа следеше реализаторска криза кај кошаркарките на Гостивар, што Баделки ја искористија за таложење на огромна предност.
Во финишот, Бадел 1862 славеше со 53-17 односно 20-10, 13-0, 16-4 и 4-3.