23.12.2017

Турнир М14: Победа за Струга 2009

Кошаркарките на Струга 2009 ја запишаа првата победа во рамки на групата Б од турнирот за млади кошаркарки до 14 години. Двете екипи бавно го започнаа натпреварот, повеќе фокусирајќи се да го спречат противникот да поентира отколку да реализираат поени. Во првото полувреме се постигнаа само девет поени (четири за Струга, пет за Шкупи). Во вториот дел избраничките на Владо Ѓоровиќ успеаја повторно да го вратат водството кое стана и двоцифрено во третиот период. Во финишот, Струга 2009 славеше со конечни 26-13 односно 2-0, 2-5, 14-3 и 8-5 по делници.