Актуелниот шампион во домашното првенство МЗТ Скопје Аеродром го заоркужи тринаесеттото коло во Првата лига (мажи) со триумф над Шкупи. Шесткратниот првак на Република Македонија наталожи предност над клубот од Чаир уште во првата делница што се покажа како сосема доволна за поопуштена игра во преостанатиот дел од натпреварот. За аеродромци ова е трета победа во новата календарска година, за Шкупи втор пораз откако во минатото загуби од Пелистер. Во финишот „металците“ славеа над чаирчани со 99-62.

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО ПЛМ
Фени Индустри – Работнички 55-74
Кожув – Гостивар 77-76
Куманово – АВ Охрид 105-97
Струмица – Карпош Соколи 86-71
Пелистер – Блокотехна 67-74

Претстојниот викенд ќе се одиграат нови шест натпревари во рамки на четиринаесеттото коло од ПЛМ.
ДВОЈКИ 14. КОЛО ПЛМ
Гостивар – Пелистер
АВ Охрид – Фени Индустри
МЗТ Скопје Аеродром – Струмица
Работнички – Кожув
Блокотехна – Шкупи
Карпош Соколи - Куманово