29.01.2018

Поширок список на кошаркарки повикани за евроквалификациите во февруари

Селекторот на националната селекција во женска сениорска конкуренција, Марјан Лазовски, заедно со својот стручен штаб го изготви поширокиот список на кошаркарки кои ќе земат учество во вториот прозорец од евроквалификациите.
Првиот собир ќе биде одржан на 5. февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде пет дена подоцна сениорките ќе го одиграат првиот натпревар, против соодветната селекција на Хрватска во рамки на квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Летонија и во Србија.

  1. Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност)
  2. Ана Тантуровска (Олимпијакос Волос)
  3. Александра Стојановска (Бадел 1862)
  4. Софија Лазареска (Бадел 1862)
  5. Нена Трајчевска (Бор)
  6. Ивана Кметовска (БАМП Попрад)
  7. Јована Петрушевска (Вардар)
  8. Цветанка Димова (Бадел 1862)
  9. Анамарија Шеќероска (Струга 2009)
  10. Едина Муса (Вардар)
  11. Славица Наков (Вардар)
  12. Кристина Јаневска (Вардар)
  13. Јелена Антиќ (Висла Кенпак)
  14. Ивона Кожобашиовска (Мерцедес Алжеро)
  15. Матеа Николиќ (Стела Азура)
  16. Сандра Лазареска (Бадел 1862)
  17. Тијана Митрева (Мерцедес Алжеро)
  18. Ивона Пејковска (Вардар)
  19. Снежана Серафимоска (Небраска Колеџ)
  20. Драгана Петковска (Њубери Колеџ)
  21. Ива Крстевска (Њуман Колеџ)
  22. Криси Гивенс (Авенида)
  23. Ешли Парис