08.02.2018

Поширок список на кошаркари повикани за претквалификациите во февруари

Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција излезе со поширокиот список на кошаркари повикани за вториот прозорец во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Во рамки на овој прозорец ќе одиграме само еден натпревар, на домашен терен, против селекцијата на Словачка која во првиот прозорец ја совладавме на гостински терен со 66-74. Натпреварот ќе се одигра в недела (25. февруари) со почеток во 20часот и 15минути во спортскиот центар „Јане Сандански“.

  1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
  2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
  4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
  5. Адем Мекиќ (Куманово)
  6. Бобан Стајиќ (Куманово)
  7. Андреј Магдевски (Гостивар)
  8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  9. Димитар Караџовски (Куманово)
  10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
  11. Диме Тасовски (Гостивар)
  12. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  13. Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)
  14. Кирил Николовски (Работнички)
  15. Ѓорѓи Чековски (Работнички)
  16. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
  17. Бојан Крстевски (Работнички)
  18. Александар Штерјов (Куманово)
  19. Марјан Јанески (Куманово)
  20. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  21. Ричард Хендрикс (Галатасарај)
  22. Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса)
  23. Џордан Теодор (Армани Милано)