18.02.2018

Куп-трофејот во рацете на Вардарки

Втора година по ред, кошаркарките на Вардар аруваат на Куп-натпреварувањето. Во реприза од ланското финале, амбициозните кошаркарки во црвено-црниот дрес без мака ги совладаа противничките од Бадел 1862 и го задржаа Куп-трофејот во своите клупски витрини. За најдобар стрелец прогласена е Славица Наков додека за најкорисен играч признанието повторно замина во рацете на Едина Муса.