Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод натпреварот на сениорската машка репрезентација против Словачка кој ќе се одигра в недела (25. февруари) со почеток во 20часот и 15минути во СЦ „Јане Сандански“.

Прес-конференцијата ќе се одржи во прес-салата на хотелот Елса кој се наоѓа на улица „Македонија“ веднаш спроти кафулето „Гастротека Сиеста“ в петок (23. февруари) и ќе започне во 12часот и 30минути.

Збор на прес-конференцијата ќе земат селекторот Јорданчо Давитков и капитенот на селекцијата Војдан Стојановски.