25.02.2018

Сениорите повторно ја преслушаа Словачка

Нашата сениорска репрезентација го постигна она што го зацрта - триумф над Словачка за максимални три победи во групата А од претквалификациите заЕвробаскет 2021. Ричард Хендрикс, Бојан Трајковски и Војдан Стојановски беа особено расположени за игра, а тоа се виде и на теренот. Селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот, а Македонија запиша уште една победа со која се стационира на врвот на табелата. 

МАКЕДОНИЈА - Словачка 87-74 (25-21, 27-16, 18-20, 17-17)