18.03.2018

Турнир М14: Победа за Крива Паланка во група „Б“

Кошаркарките на Крива Паланка ја запишаа првата победа во рамки на групата Б од турнирот за девојчиња до 14 години против кошаркарките на Гостивар со убедливи 53-16 односно 16-5, 21-2, 8-3 и 8-6 по делници. Брзината и силната игра под кошевите беше адутот на ’домаќините’ кои уште на почетокот на натпреварот наталожија доволна разлика за удобна игра до крајот на натпреварот.

Крива Паланка ќе се пресмета со Струга 2009 во 16:30, Гостивар неколку часа порано, во 14:00