Здружението „3x3Macedonia“ продолжува со актвностите за промоција на овој спорт во Републиакта. Првпат во текот на календарската 2018 година беше организиран турнир за млади кошаркари до 15 години кој се одржа во Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопската општина Ѓорче Петров. Вкупно 16 екипи го пријавија своето учество и тоа Dream Team Berovski, Warriors, M.A 123, Вучидолци, Golden State-Volkovo, Бецко, Хебли, Хиени, Генерација 2003, Street Boys, Prestige, Орли, Соколи, Елита, Jarani и Полуматуранти XI-6. 

Во финалниот натпревар, Генерација 2003 со 12-10 славеше против М.А.123 и го освои првото место.
Сите резултати од турнирот можат да се прегледаат на следниот ЛИНК.