10.04.2018

Јуниорите го освоија шестото место на турнирот во БиХ

Националната селекција до 18 години го освои шестото место на пријателскиот турнир кој изминатиот викенд се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Селекторот на јуниорската репрезентација, која ова лето ќе настапува пред домашната публика на Европското првенство Дивизија Б, Панче Милевски ги разигра сите кошаркари со кои располагаше на овој турнир.

Во рамки на првиот натпревар, против организаторот на турнирот, кошаркарскиот клуб Кош нашата јуниорска селекција запиша пораз од 78-62. Целосната статистика е достапна на следниот линк.

Втор наш противник на овој турнир беше клубот Кварнер против кого запишавме пораз од 85-81. Целосната статистика е достапна на следниот линк.

Во рамки на последниот натпревар за овој турнир, против соодветната селекција на Босна и Херцеговина го запишавме и последниот пораз со 69-61. Целосната статистика е достапна на следниот линк.

 

НАПОМЕНА:
Насловната фотографија е преземена од официјалната страница на Кошаркарскиот Клуб Кош