10.04.2018

Во месец мај стартува премиерната 3х3 лига на РМ!

Претстојното лето баскетџиите низ Република Македонија ќе имаат шанса да учествуваат во лигашко натпреварување - во месец мај, Здружението „3х3 Macedonia“ ќе ја стартува премиерната „3х3“ лига која ќе трае до крајот на септември!

Лигата ќе биде составена од седум турнири кои ќе се одиграат ширум Републиката.

„Оваа година планираме да ја организираме првата македонска 3x3 лига и првиот Satellite турнир. По турнирот Skopje2k17 за првпат организиравме турнири за најмладите категории (У15), а планот секако е да се состави и националниот тим кој ќе не претставува на меѓународните турнири. Оваа година исто така со младиот национален тим под 23 години ќе учествуваме и на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија каде ќе учествуваат најдобрите 3х3  федерации.
Сениорската лига ќе се состои од серија турнири, еден Satellite турнир кој е меѓународен, на кој ќе учествуваат 8 македонски екипи и 8 екипи од регионот, воедно и неколку кадетските турнири кои што се во план за оваа година.
Сениорската лига ќе се одржува во поголемите градови во Македонија, додека завршниот турнир каде ќе се одлучува првиот 3х3 шампион во Македонија ќе биде во Скопје, се надеваме на градскиот плоштад. Satellite турнирот ќе биде во Охрид оваа година. Кадетските турнири ќе се одржат на територијата на Град Скопје.
Во лигата ќе можат да се пријавуваат и професионални кошаркари и рекреативци. Дванаесетте или 16. екипи коишто ќе бидат најуспешни во текот на сезоната ќе се квалификуваат на завршниот турнир.
Веќе ги објавивме пропозициите, системот и правилниците за натпреварување на официјалните веб-страни на Здружението 3х3 Баскетбалл и на Македонската Кошаркарска Федерација.
Секој турнир ќе има награден фонд за прво и второ место, кај завршниот турнир и satellite турнирот наградниот фонд ќе биде доста  поголеми. Победникот на сателитот ќе добие слот за натпреварување за еден од големите Challanger турнир, каде што наградите се над 10.000 долари, а и за понатаму, за продолжување на светската сцена.
Имаме одлична соработка со Македонската Кошаркарска Федерација и со Агенцијата за Млади и спорт, кои што од почетокот го поддржаа нашиот проект.
Сега сме и дел од Федерацијата, како рамноправна членка и заедно со МКФ ќе ја организираме првата 3x3 лига во Македонија“
– истакна Драган Караџовски, претседателот на Здружението „3х3“ најавувајќи ги активностите за ова лето.