02.05.2018

Одредени групите за „Slovenia Ball“ во машка конкуренција

Кошаркарската федерација на Словенија го обелодени распоредот по групи како и распоредот на натпревари за претстојниот „Slovenia Ball“ во машка конкуренција. Нашата национална селекција до 14 години повторно ќе земе учество на овој турнир кој ќе се одржи во Словењ Градец во периодот од 23. до 26. август. 

Покрај нашата селекција и домаќинот Словенија, учество ќе земат и селекциите на Бугарија, Хрватска, Израел, Унгарија, Италија, Црна Гора, Русија и на Украина.

Нашата национална селекција ќе биде сместена во групата „А“ заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија. Тоа ги остава селекциите на Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б“.

Првиот натпревар ќе го одиграме в четврток (23. август) со почеток во 11:15 против Словенија. Истиот ден во 18:00 часот ќе се надигруваме со соодветната селекција на Хрватска. В петок го отвораме вториот ден на натпревари со Русија, в 9:00 часот додека во 14:30 ќе се надигруваме со Унгарија. Последниот ден (26. август) ќе бидат одирани натпреварите за пласман.

На последното издание на овој турнир, нашата национална селекција во машка конкуренција го освои шестото место. 

Распоредот по групи за турнирот во женска конкуренција ќе биде дополнително објавен од Кошаркарската федерација на Словенија.