08.05.2018

потенцирани мерките на МКФ за субвенции на младинските категории

Одржан состанок со клубовите кои се натпреваруваат во младинските категории

Вчера (понеделник 7. мај, 2018 година) во конгресната сала при хотелот „Бест Вестерн“ беше одржан состанок помеѓу претставници од Македонската кошаркарска федерација, претставници на клубовите кои се натпреваруваат во младинските категории како и судиите и делегатите кои се официјални лица на натпреварите од овие категории.

На состанокот се говореше за претстојните активности кои ги имаат клубовите кои се натпреваруваат во овие категории.

Прва точка на дневниот ред беа завршните турнири во сите лиги. Потенцирани беа и проблемите детектирани во досегашниот дел од натпреварувањето во врска со одложување на натпревари како и однесувањето на сите актери на натпреварот. На состанокот беа најавени и мерките за субвенции во младинските лиги и женската сениорска лига за идната сезона (2018/2019) како и распределба на средствата од АМС од програмата 20-40.

Македонската кошаркарска федерација изнајде средства за субвенционирање на клубови кои ќе се натпреваруваат во највисокиот ранг во женска сениорска конкуренција. Клубовите ќе бидат ослободени од котизација, но условени да имаат пријавено две младински селекции. Клубовите кои немаат сениорска екипа ќе бидат ослободени од котизација во целост.
Во машките младински лиги пак (М18 и М16), субвенционирањето ќе се однесува за клубовите кои ќе се натпреваруваат само во првата лига во соодветната возрасна категорија, условени да имаат пријавено и сениорска екипа (Прва лига, Втора лига или Трета лига)

Средбата помина во најдобар ред и како заклучок беше напоменето дека треба што почесто да има средби помеѓу сите актери за да може што подобро и поефикасно да бидат отстранети сите проблеми и имплементирани сите новитети.