Изминатиот викенд, в саботата (5. мај) беше одржан првиот селективен тренинг за кошаркарки родени 2004 година за клубови од градовите Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Берово, Виница, Гевгелија, Пробиштип, Радовиш и околни градови (МКФ регионална поделба, регион 4). Селекторот Жаклина Стојановска, која повторно ја предводи оваа национална селекција до 14 години, заедно со членовите на својот стручен штаб во состав Кристијан Шумковски (асистент) и Кире Атанасовски (ментор) го одржаа првиот селективен тренинг за оваа возрасна категорија во Радовиш. На првиот селективен тренинг се појавија шест млади кошаркарки кои одработија неколку вежби зададени од тренерското трио за проценување на нивната подготвеност и способности, а до финалното селектирање ќе бидат одржани уште два, еден во Битола, еден во Скопје.

- Селективен тренинг на ден 12. Мај 2018 (Сабота) во спортската сала во Битола “Младост“ во 11:00 часот Клубови од Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино и др.

- Селективен тренинг на ден 19. Мај 2018 (Сабота) во спортската сала во Скопје СРЦ Кале (мала сала) во 11:00 часот Клубови од Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Велес, Дебар и др.

Оваа календарска година, кошаркарките до 14 години ќе земат учество на четиринаесеттото издание на турнирот „Slovenia Ball“ заедно со уште девет репрезентации во соодветната возрасна категорија. Турнирот, кој е своевиден пандан на континентално првенство, ќе се одржи во периодот од 16. до 19. август, во Словењ Градец.