Кошаркарките од редовите на актуелниот шампион, Бадел 1862, продолжија со одличната игра во домашното првенство. Избраничките на Перо Стамески веќе пренесоа еден бод предност во финалната серија во рамки на Плејофот, а победата со 61-51 над Вардар ги доближи до одбрана на титулата.

На кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода им преостанува уште само една победа за да ја запечатат петтата титула во низа во домашното првенсство. Вардарки пак се уште немаат титула од првенството додека две години во низа Куп-трофејот ги краси нивните клупски витрини.

Целосната статистика од натпреварот помеѓу Бадел 1862 и Вардар е достапна на следниот ЛИНК.