Методи Крстевски става крај на својата кариера како делегат-контролор во нашата држава со навршени 70 години возраст.

Својата кариера Крстевски ја започнува во 1971 година како судија во поранешна Југославија, а две години подоцна се стекнува со највисокиот ранг – сојузен судија откако успешно го поминал полагањето во салата „Градски Парк“ пред Радомир Шапер, Маховлиќ од Загреб како и Славе Анастасовски, Љубомир Фишиќ, Свето Поповски и Мирољуб Лалевски – Нини од тогашниот македонски сојуз.

Кариерата ја гради во домашното првенство, но и надвор од границите на државата, на натпревари и на турнири.

Методи Крстевки после пензионирањето како државен судија кариерата ја продолжи како делегат-контролор и координатор за Куманово, Свети Николе, Кратово и Крива Паланка како одговорен за едукација на млади судии и нивно усовршување.

„Со оглед на завршеток на мојата судиско – делегатска кариера на сите мои почитувани помлади колеги им посакувам многу плодни и успешни години“ – порача Крстевски.

Среќна пензија!