Изминатиот викенд (в недела) националната селекција до 14 години одржа уште еден тренинг. Стручниот штаб, во состав Благоја Кечовски (селектор) Никола Данев и Андреј Апостолски (асистенти) како и Сашо Лазаров (ментор) го составија списокот од 40 млади и талентирани кошаркари со кои ќе работат во наредниот период.

Досега беа одржани регионални селективни тренинзи за кошаркари родени 2004 и 2005 година, а потоа следеа неколку тренинга во Скопје со поширокиот список. Селекторот Кечовски е задоволен од ангажирањето на младите кошаркари на тренинзите кои работеа на повеќе аспекти од кошаркарската игра. Селекцијата ќе продолжи да работи со полна пареа, а наредниот тренинг ќе биде одржан за две седмици, на 2. јуни. Салата, како и времето на почеток на тренингот ќе бидат дополнително објавени.

Во меѓувреме кошаркарите ќе го завршат регуларниот дел од натпреварувањето во домашното првенство и ќе завршат со финалниот турнир закажан за идната седмица (23. и 24. мај). 

Членовите на стручниот штаб ќе го искористат завршниот турнир за докомплетирање на претставата за кошаркарите.

Списокот на повикани кошаркари може да се погледне на следниот ЛИНК.