19.05.2018

Почнува разврската за титулата во М20

Младите и талентирани кошаркари, најмлади сениори, од клубовите кои се натпреваруваат во возрасната категорија до 20 години викендов ќе го одиграат последниот турнир за оваа сезона кој ќе заврши со крунисување на шампионот во оваа возрасна категорија.

На лицитацијата одржана минатата седица во просториите на Македонската кошаркарска федерација, клубот Академија ФМП се избори за правото за организација на овој фајнал-фор турнир, па така четирите натпревари предвидени за денес (сабота, 19. мај) и утре (недела, 20. мај) ќе се одиграат во салата „Независна Македонија“ односно спортската сала при Основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“.

Домаќинот ќе го отвори фајнал-фор турнирот со екипата на Карпош Соколи. Натпреварот ќе започне во 17 часот и 30 минути, а статистиката од истиот ќе може да се проследи во живо на следниот ЛИНК.

Вториот натпревар за овој ден е всушност реприза на ланската финална серија помеѓу актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Работнички. Натпреварот ќе започне во 20:00 часот, а статистиката од истиот ќе може да се проследи во живо на следниот ЛИНК.

Двете поразени екипи утре (недела, 20. мај) ќе се пресметаат за третото место. Натпреварот ќе започне во 17часот и 30минути. Додека финалниот натпревар ќе се одигра во вечерниот термин - 20:00 часот и истиот ќе биде пренесуван во живо на YouTube. Линкот за пренос ќе биде достапен на страницата на Македонската кошаркарска федерација.