19.05.2018

Работнички втор финалист на F4 во М20

Кошаркарите на Работнички се вторите финалисти на овосезонската завршница во возрасната категорија за кошаркари до 20 години. Перо Блажевски ги диригираше акциите на своите кошаркари покрај аут-линијата, а тие му возвратија со стабилна игра на теренот која им донесе победа од 62-49 над Вардар во натпревар-реприза на ланското финале.

Сега веќе поранешниот шампион Вардар во натпревар за третото место ќе се пресмета против Карпош Соколи додека Академија ФМП ќе излезе на мегдан против Работнички.

Целосната статистика од натпреварот помеѓу Работнички и Вардар е достапна на следниот ЛИНК.