20.05.2018

Работнички ја освои шампионската титула во М20

Кошаркарите на Работнички ја освоија шампионската титула во возрасната категорија за кошаркари до 20 години. Во финалниот натпревар од фајнал-фор турнирот, младите центарци славеа над Академија ФМП со 76-84 и го подигнаа шампионскиот трофеј среде Кисела Вода.

Кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски, се закити со признанието најкорисен играч. 

Целосната статистика од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.