Завршниот турнир од возрасната категорија за кошаркари до 14 години ќе се одигра в Струмица откако претставниците на МВП Струмица се изборија на лицитацијата за организација на истиот. На фајнал-фор турнирот ќе земат учество екипите на Партизан Мулти Шпед кој е прворангиран на табелата во оваа возрасна категорија, Вардар, Дино Баскет и организаторот на турнирот - МВП Струмица.

Турнирот ќе се одигра во два дена, со почеток во вторник (22. мај) и среда (23. мај). 

Првото полуфинале, помеѓу Дино Баскет и Вардар, ќе започне во 17:00 часот. ВО 19часот и 30 минути организаторот МВП Струмица ќе си ги одмери силите со Партизан Мулти Шпед.

Натпреварот за трето место помеѓу поразените екипи ќе започне во 15:00 часот додека финалниот натпревар кој ќе го одлучи шампионот ќе започне во 17часот и 30минути.

Двата натпревара од вториот ден на турнирот ќе бидат пренесувани во живо на YouTube. Линковите до статистика и до преносот ќе бидат објавени на насловната страница на вебсајтот на МКФ.