26.05.2018

Јуниорките на Струга 2009 со пласман во финалето на F4

Кошаркарките на Струга 2009 обезбедија пласман во финалето од овосезонскиот завршен турнир откако ги совладаа врсничките од Баскет Кам во рамки на првото полуфинале. Избраничките на Владимир Ѓоровиќ беа доминантни по целиот терен речиси во текот на целиот натпревар. Во финишот, играта се сведе на реализирани проектили од страна на двете екипи, но домаќините на овој завршен турнир не дозволија противничките од Македонска Каменица да им ја загрозат победата.

Струга 2009 славеше со конечни 60-51. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК