Кошаркарите на Работнички кои се натпреваруваат во возрасната категорија до 18 години ќе ја бранат шампионската титула освоена ланската сезона на домашен терен откако претставниците на клубот се изборија за организација на завршниот турнир на лицитацијата одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација. 

На завршниот турнир, покрај организаторот Работнички, учество ќе земат и екипите на Феникс 2010, МЗТ Скопје Аеродром и Вардар (1).Сите натпревари ќе се одиграат во салата „Градски Парк“.

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу Работнички и Феникс 2010 ќе се одигра в петок (1. јуни) со почеток во 17часот и 30минути додека второто полуфинале, помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Вардар (1) ќе започне во 20:00 часот. 

Натпреварот за трето место ќе се одигра в недела (3. јуни) со почеток во 17часот и 30 минути додека во 20:00 часот ќе започне финалната битка за шампионската титула во оваа возрасна категорија. Натпреварите кои ќе се одиграат в недела ќе бидат пренесувани на LiveStream. Линковите до статистика и до преносот ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.