Кошаркарскиот клуб Баскет Кам од Македонска Каменица претстојниот викенд ќе биде организатор на завршниот турнир за кошаркарки во возрасната категорија до 16 години. Претставниците на клубот се изборија на лицитацијата одржана во просториите на МКФ и в сабота и в недела ќе ги нагостат четирите екипи-учеснички на овој завршен турнир.

Првото полуфинале ќе го отворат екипите на актуелниот шампион Бадел 1862 и Гостивар 2009 кое ќе започне во 13часот и 30минути. Второто полуфинале, помеѓу организаторот Баскет Кам и Струга 2009 ќе се одигра во 16:00 часот. В недела (3. јуни) со почеток во 13:00 часот ќе започне битката за третото место додека во 15часот и 30 минути ќе се надигруваат победниците од полуфиналињата за шампионскиот трофеј.

Сите натпревари ќе бидат одиграни во спортската сала „Кирил и Методиј“. Натпреварите кои ќе се одиграат в недела ќе бидат пренесувани на LiveStream. Линковите до статистика и до преносот ќе бидат достапни на вебсајтот на МКФ.