31.05.2018

Список на кошаркари повикани за прв собир на репрезентација до 18 години

Селекторот на репрезентацијата до 18 години, Панче Милевски, излезе со списокот на кошаркари кои се повикани за првиот репрезентативен собир. Јуниорската репрезентација оваа година ќе земе учество на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одигра в Скопје од 27. јули до 5. август. По неколку дена подготовки во Скопје репрезентативците ќе заминат на една седмица во Маврово, а потоа ќе продолжат в Скопје се до почетокот на првенството. Закажани се и пријателски натпревари со соодветните селекции на Бугарија, Романија и Австрија в Скопје како и пријателски турнир на гости во Турција.

Првиот собир ќе се одржи во вторник (5. јуни) со почеток во 11часот и 30минути во малата сала на „Кале“.


СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 18

1.Максим Митевски-Работнички
2.Андреј Јордановски – Работнички
3.Славчо Темелковски –Работнички
4.Марко Атанасов – Работнички
5. Андреј Деолски – Работнички
6. Валмир Какруки – Вардар
7. Андреј Данилов – Вардар
8. Баже Димитриев – Вардар
9. Адриан Наумоски – Вардар
10. Јоан Божиновски – Вардар
11. Лука Стојановски-МЗТ
12. Андреј Настевски – МЗТ
13. Дамјан Миса – МЗТ
14. Дарио Митевски – МЗТ
15. Елеса Камбери- Чаир
16. Виктор Исајловски – Феникс
17. Никола Кацарски – Феникс
18.Љупчо Мелов-Фени
19.Кирил Панов-Шпанија
20.Андреј Јакимовски-Италија
21.Тино Каранфиловски-Унгарија
22.Дамјан Лазаров-Италија
23.Абрашев Драган-Струмица
24.Ненад Радуловиќ- Соколи
25. Борјан Стојановски - МЗТ