03.06.2018

Кадетките на Струга 2009 го освоија третото место на F4

Кошаркарките на Струга 2009 го освоија третото место на завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години откако во првио натпревар на денешната агенда од фајнал-фор турнирот ги совладаа врсничките од Гостивар 2009 со 55-35.

Следно на агендата е финалето, помеѓу организаорот Баскет Кам и бранителот на титулата Бадел 1862.

Целосната статистика од натпреварот Струга 2009 - Гостивар 2009 е достапна на следниот ЛИНК додека снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.