Составот до 18 години на нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, Работнички, ја одбрани титулата во јуниорската возрасна категорија откако во рамки на финалниот натпревар ги совлада врсниците од МЗТ Скопје Аеродром со 93-69. Третото место им припадна на јуниорите од Феникс 2010 кои ги совладаа врсниците од Вардар.

Капитенот на екипата, Славчо Темелковски, се закити со признанието најкорисен играч (MVP).

Целосната статистика може да се погледне на следниот линк додека снимка од натпреварот може да се погледне на следниот линк.