06.06.2018

M16: Феникс 2010 се избори за финале на F4

Кошаркарите на Феникс 2010 обезбедија пласман во финалето на завршниот турнир во кадетската категорија откако во рамки на првото полуфинале го совладаа тимот на МЗТ Скопје Аеродром со 74-58. Кошаркарите предводени од Денис Дервишевиќ на клупата беа доминантни на натпреварот, наметнувајќи му двоцифрена негатива на противникот уште во првиот период. Избраниците на Никола Велев на спротивната страна на теренот го фатија ритамот во вториот дел од натпреварот, но немаа сили за резултатски пресврт.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.