06.06.2018

М16: Партизан Мулти Шпед и Феникс 2010 ќе се борат за титулата

Кошаркарите на Партизан Мулти Шпед с изборија за пласман во финалето на завршниот турнир во кадетската возрасна категорија откако во рамки на вториот полуфинален натпревар го совладаа ланскиот шампион Вардар со 74-87. За шампионскиот трофеј избрнаиците на Тони Симиќ и Горан Андреевски ќе се борат против кошаркарите на Денис Дервишевиќ од Феникс 2010 кои во првиот полуфинален натпревар ги совладаа кадетите на МЗТ Скопје Аеродром. 

Финалето ќе се одигра во 17:00 часот, утре (четврток, 7. јуни) во малата сала на „Кале“. 

Линковите до статистика и до пренос ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.