07.06.2018

Првиот собир на сениорите поместен за една седмица

Кошаркарите кои се повикани за сениорската репрезентација ќе го одржат првиот собир седум дена од првиот предвиден датум за старт на подготовките.

Иако првично беше планирано подготовките да започнат на 11. јуни, селекторот Јорданчо Давитков одлучи да им даде уште седум дена одмор на своите избраници кои имаа напорни натпреварувачки сезони.

Па така, првиот собир ќе се одржи на 18. јуни со почеток во 10:00 часот во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Сениорите ќе тренираат до 27. јуни кога ќе отпатуваат за Фрибург каде ќе го одиграат последниот натпревар во рамки на првата фаза од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.

По три одиграни натпревари сместени во два прозора македонската репрезентација е на врвот на табелата во групата А, без пораз.

Натпреварот против Швајцарија ќе се одигра на 28. јуни, со почеток во 19часот и 30минути.

Списокот на кошаркари повикани за прв собир

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Димитар Караџовски
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Бојан Крстевски
Кирил Николовски
Андреј Маслинко
Александар Штерјов