Најмладите кошркари регистрирани во клубови за тековната сезона од понеделник ќе ја започнат финалната битка за шампионската титула. Сезоната во возрасната категорија до 12 години ќе биде финиширана со F8 турнир кој ќе биде одигран во три дена.

Првиот ден (понеделник, 11. јуни) ќе се одиграат четири натпревари, во спортската сала „Независна Македонија“ при основното училиште „Невеа Георгиева - Дуња“ во скопската општина Кисела Вода. Вториот (12. јуни, вторник) и третиот ден (13. јуни, среда) натпреварите од полуфиналето, натпреварот за трето место и финалето ќе се одиграат во малата сала на „Кале“. 

Учество на завршниот турнир ќе земат екипите на МЗТ Скопје Аеродром, кој е актуелен шампион во оваа возрасна категорија, Вардар 1, Вардар 2, Дино Баскет, Водњански Лисици, Спортисимо Бакет, Академија ФМП и Баскет Кам.

Распорередот на натпревари е достапен на следниот ЛИНК.