11.06.2018

Селекциите до 14 и до 15 години со две нови победи во Турција

Двете најмлади македонски национални селекции, до 14 и до 15 години се уште не знаат за пораз на меѓународниот камп-турнир кој деновиве се одржува во Измир, Турција. Двете селекции денес запишаа по уште една победа на своето конто.

Генерацијата до 14 години разигруваше против Number One и победи со 63-16. Помладата генерација, до 15 години, одигра натпревар против Младост од Земун и победи со 75-50. Во текот на утрешниот ден двете генерации ќе одиграат натпревари во рамки на финалето.