Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Вардар 2 утре (среда, 13. јуни) со почеток во 13:00 часот ќе разигруваат за титулата во возрасната категорија за кошаркари до 12 години. Двете екипи се изборија за пласман во финалниот натпревар на овој турнир откако во рамки на полуфиналните натпревари ги совладаа Водњански Лисици (52-33) односно Вардар 1 (54-45) кои утре со почеток во 11:00 часот ќе разигруваат за третото место. Двата натпревара ќе се одиграат во малата сала на „Кале“.