Кошаркарите на Вардар 2 го освоија првото место на завршниот турнир за кошаркари до 12 години откако во финалниот натпревар ги совладаа врсниците од МЗТ Скопје Аеродром со 51-48.

Во натпреварот за трето место триумфира екипата на Водњански Лисици која го совлада Вардар 1 со 49-48.