Македонската кошаркарска федерација повторно ја доби довербата да учествува во уште еден партнерски проект насловен "Заедно до У16" во генерално партнерство со ФИБА од една страна и Турција, Романија, Бугарија и Косово од друга страна како партнерски земји.

Проектот има за цел во периодот од 01.06.2018 до 31.05.2020 година да им даде шанса за надградба на 30 перспективни кошаркари и 30 перспективни кошаркарки со возраст од 12 до 14 години, низ два годишни национални кампови и пет меѓународни турнири да се изградат на спортски и социјален план до своја 16 годишна возраст.

Првиот годишен национален камп ќе се одржи во Маврово во период од 15 до 21 Јуни 2018 година.

Сместување на база на полн пансион во хотелот "Спорт", превоз од Скопје до Маврово и назад (за кошаркар(к)и од другите градови обезбедени се средства за повратна автобуска карта до Скопје или Маврово), спортска опрема (2 комплети дресови) за учесниците и постојана медицинска служба се обезбедени од страна на МКФ и ФИБА за сите учесници.

На кампот ќе работат 12 македонски тренери под менторство на Ненад Јерковиќ - тренер од Европа со искуство во соодветните младински карегории, делегиран од страна на ФИБА.

Поаѓањето за Маврово од Скопје е на 15. јуни.2018 година во 12:00 часот, од пред Дрводекор.