15.06.2018

Репрезентативците до 18 години одржаа демонстративен тренинг со Емил Рајковиќ

 

Тренерите кои ја посетуваат едукацијата спроведена во Маврово ова попладне беа гости на репрезентацијата до 18 години која ги извршува подготовките пред ЕП (Дивизија Б). Тренерот Емил Рајковиќ одржа демонстративен тренинг со репрезентативците, посочувајќи неколку негови акции со кои тековната сезона стигна до второто место во полскиот шампионат со Слам Стал. Распредот на активности на тренерите во наредните два дена е достапен на следниот ЛИНК.