Македонската репрезентација до 18 години оваа календарска година ќе земе учество на Европското првенство (Дивизија Б) кое ќе се одржува во нашата престолнина, Скопје, во периодот од 27. јули до 6. август. Репрезентацијата ги започна подготовките за настапот пред речиси две седмици, во Скопје и во Маврово, а денес пристигна во Истанбул каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари со националната селекција до 17 години на Турција.

Првиот натпревар ќе се одигра утре (среда, 20. јуни) со почеток во 17:00 часот, вториот ден подоцна во истиот термин.

Двата натпревара ќе бидат пренесувани во живо на YouTube.

Првиот натпревар ќе може да се проследи на следниот ЛИНК, вториот на следниот ЛИНК.