22.06.2018

Список на кошаркарки повикани за прв собир на репрезентација до 16 години

Нашата кадетска женска селекција ова лето ќе земе учество на Европското првенство (дивизија Б0 кое ќе се одржи во Подгорица во периодот од 16. до 25 август. Селекторот на оваа репрезентација до 16 години, Стојна Вангеловска заедно со членовите на стручниот штаб Енвер Мифтари (асистент тренер) и Горјан Стојановски го скратија списокот на кошаркарки кои треба да се појават на првиот собир, закажан за 2. јули (понеделник) со почеток во 9:00 часот во спортската сала при основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“ - „Независна Македонија“.

Кошаркарките кои не се од Скопје треба да пристигнат ден порано поради сместување.

  1. Матеа Николиќ – Италија
  2. Матеа Атанасовска – Италија
  3. Елена Тасевска – Италија
  4. Илина Селцова – Унгарија
  5. Марија Димитријевиќ – Шпанија
  6. Стефани Костова – Бадел 1862
  7. Наталија Секуловска – Бадел 1862
  8. Теона ПопСтојанова – Бадел 1862
  9. Елена Пешиноска – Струга
  10. Габриела Модева – Струга
  11. Стефани Колева – Баскет Кам
  12. Фросина Петреска – Гостивар
  13.  Ана Цветковска – Бадел 1862
  14. Сара Максимовска – Бадел 1862
  15.  Хадиса Зендели – Струга
  16.  Бојана Попова – Баскет Кам
  17. Моника Зафировска – Баскет Кам
  18. Алев Тахир – Шкупи