28.06.2018

Младинците поразени и од Црна Гора

Репрезентацијата до 20 години од Тиват ќе се врати со два пораза откако денес загуби и од домаќинот на овој мини турнир - Црна Гора.

Избраниците на Никола Василев синоќа запиша пораз од 51-91 од репрезентацијата на Русија, а денес се надигруваа со Црна Гора од која загубија со 77-53.

Следно за оваа генерација е враќање во Скопје, па заминување во Софија на пријателски двомеч пред почетокот на Европското првенство (Дивизија Б) кое ќе започне на 13. јули.