Кошаркарките до 16 години денес означија почеток на подготовките кои ќе ги обавуваат се до почеоткот на Европското првенство (дивизија Б) во оваа возрасна категорија кое ќе се одигра во Подгорица во периодот од 16. до 25. Четириесет и пет дена имаат кадетските репрезентативки да работат на својата игра и физичка подготвеност. 

Кадетките ќе заминат за Маврово по една седмица мината во Скопје, а во текот на подготвителниот период ќе одиграат пријателски натпревари со Израел, Бугарија и со Словенија.