Нашата младинска репрезентација денес и утре (вторник, 3. јули и среда, 4. јули) ќе разигруваат со соодветната селекција на Бугарија. Во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 20 години, нашите репрезентативци досега одиграа четири пријателски натпревара - два против Унгарија на домашен терен, а земаа и учество на мини-турнир одржан во Тиват каде се пресметаа со соодветните репрезентации на Русија и на Црна Гора.

Денес, рано изутрина, младинците заминаа за Софија, каде в спортската сала „Универсиада“ ќе одиграат пријателски двомеч.

Првиот натпревар е закажан за денес, со почеток во 18:00 часот (локално време). Вториот ќе се одигра ден подоцна во 12:00 часот.

Резултатите ќе можат да се проследат на веб-страницата на Бугарската кошаркарска федерација