Македонската кошаркарска федерација, поддржана од Македонскиот Олимписки комитет, испрати селекција до 23 години во машка конкуренција за учество во 3х3 турнир на Медитерански игри кои се одржаа во Тарагона, Шпанија.

Нашата селекција запиша една победа и два пораза со кои се пласира на осмото место.
Денес, во просториите на хотелот „Парк“ Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, Спортскиот директор на МОК Владимир Богоевски како и Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, одржаа прес-конференција со која го одбележаа учеството на сите спортисти и официјални лица од Македонија кои настапија на МИ.