05.07.2018

Јуниорите ја совладаа Австрија

Нашата јуниорска репрезентација запиша победа над соодветната возрасна селекција на Австрија на првиот натпревар од пријателскиот турнир кој денес и во наредните два дена ќе се одигра в Скопје.

Избраниците на Панче Милевски беа подоминантни од своите противници на паркетот во малата сала на „Кале“ во секој аспект од играта, за што говореше и резултатот кој постојано беше во наша корист.
Во финишот, нашите репрезентативци до 18 години запишаа победа од 73-44.

Целосната статистика може да се прегледа на следниот ЛИНК. Во рамки на првиот натпревар од турнирот, Бугарија ја совлада Романија со 87-67

Утре (петок, 6. јули) со почеток во 18:00 часот ќе се пресметаат Австрија и Бугарија додека вториот теримн (20:30) е резервиран за нашата репрезентација која ќе си ги одмери силите против Романија.