Нашата младинска репрезентација ја запиша првата победа во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (Дивизија Б). 

Кошаркарите до 20 години ги совладаа врсниците од Романија, кои ова лето ќе се натпреваруваат во првата дивизија, на домашен терен, со 75-66.

Двете репрезентации ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел, утре (недела, 8. јули) со почеток во 18часот и 30минути, во малата сала на „Кале“.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.